Vesna Besic
22 Март 2023•Ажурирај: 23 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Денес по заоѓањето на сонцето започнува месецот Рамазан, светиот месец на припадниците на исламската вероисповед. Вечер верниците во џамиите ќе го клањаат првиот терави намаз (вечерна молитва за време на месецот Рамазан), а првиот ден на постот е четврток, 23 март, известува Анадолу.
Бајрамската намаз-молитва ќе се клања на 21 април.
Во текот на светиот месец Рамазан ќе се организираат бројни верски активности и програми по повод одбележувањето на значајните датуми за муслиманите, Лејлетул Бедр и Лејлетул Кадр.
Месецот Рамазан е деветтиот месец од исламскиот (лунарен) календар и во него се извршува верски обред (ибадет) на постот.
Овој месец се одликува и по тоа што во него започнало објавувањето на светата книга Куранот, последната Божја објава.
Рамазан е најважниот месец за муслиманите низ светот, па и за оние од балканските простори кои ја чуваат рамазанската традиција.