Zehra Ulucak
07 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
АНКАРА
Научниците соопштија дека речиси сиот жив свет на морското дно е уништен поради загадувањето во регионот на Камчатка во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Извештајот на „Москва тајмс“ (Moscow Times), научниците го информирале гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, во врска со нивните истражувања во регионот за настанатата еколошка катастрофа.
Научниците наведоа дека поради загадувањето, 95 отсто од живиот свет на дното на морето во заливот Авача е уништен.
Според нив, смртта на овие организми ќе резултира со смрт и на животните кои нив ги користат за храна.
Научникот Иван Усатов изјави дека кога нуркале на длабочина од 10 до 15 метри увиделе дека организмите кои живееле на морското дно изумреле масовно.
Наведувајќи дека 95 проценти од живиот свет на морското дно е изумрен, Усатов рече: „Имаше некои големи риби и ракчиња кои беа уште живи, но нивната бројка беше многу мала.“
Гувернерот Солодов рече дека научниците сметаат дека загадувањето од човечкиот фактор, природните појави, земјотреси поврзани со вулкани се можните причинители за масовната смрт на живиот свет на морското дно.