Güç Gönel,Oktaj Omeragikj
21 Февруари 2020•Ажурирај: 23 Февруари 2020
СКОПЈЕ
На 8. Европска конференција „Тутун или здравје“ презентиран е Извештај за скалата на контрола на тутунот во Европа за 2019 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интересен е фактот дека во врска со скалата на контрола на тутунот, Светската банка објави сеопфатна програма за контрола на тутунот во која мора да се застапени политиката на цени, забраната за употреба на производи од тутун во затворени простории, забраната за рекламирање, предупредувања поставени на пакувањето и буџет одвоен за контролата на тутунот, како и тоа државата да ги надомести трошоците за лекување на зависниците од цигари.
Според поставените критериуми, изработена е листа на држави од Европа според скалата за контрола на тутунот. Во извештајот на Европа за скалата на контрола на тутунот не се наоѓаат Северна Македонија, Молдавија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.
Листата за скалата на контрола на тутунот во земјите од Европа изгледа вака:
| Држава | Позиција во 2016 | Број на поени (од максимални 100) |
| 1. | Велика Британија | 1 | 80 |
| 2. | Франција | 4 | 74 |
| 3. | Ирска | 2 | 73 |
| 4. | Исланд | 3 | 70 |
| 5. | Норвешка | 5 | 66 |
| 6. | Финска | 6 | 62 |
| 7. | Израел | (нов на листата) | 61 |
| 8. | Словенија | 28 | 59 |
| 8. | Унгарија | 9 | 59 |
| 10. | Шпанија | 8 | 58 |
| 10. | Белгија | 17 | 58 |
| 12. | Романија | 7 | 57 |
| 13. | Грција | 31 | 54 |
| 14. | Холандија | 9 | 53 |
| 15. | Шведска | 9 | 52 |
| 15. | Италија | 13 | 52 |
| 17. | Турција | 9 | 51 |
| 17. | Малта | 13 | 51 |
| 17. | Хрватска | 23 | 51 |
| 20. | Португалија | 15 | 50 |
| 20. | Австрија | 35 | 50 |
| 20. | Украина | 17 | 50 |
| 23. | Полска | 15 | 49 |
| 23. | Латвија | 26 | 49 |
| 23. | Чешка | 31 | 49 |
| 23. | Естонија | 21 | 49 |
| 27. | Бугарија | 19 | 48 |
| 27. | Кипар (Грчки дел) | 26 | 48 |
| 29. | Русија | 17 | 47 |
| 29. | Литванија | 28 | 47 |
| 29. | Данска | 23 | 47 |
| 32. | Словачка | 30 | 46 |
| 33. | Србија | 23 | 45 |
| 34. | Луксембург | 33 | 44 |
| 35. | Швајцарија | 21 | 41 |
| 36. | Германија | 33 | 40 |
Поставени се дополнители критериуми
На 8. Европска конференција „Тутун или здравје“ како дополнители критериуми на оние од 2016 година воведени се критериуми за борбата против шверцот и спречување на мешањето на тутунската индустрија, по што е изработена листата за Скалата на контрола на тутунот во 36 земји од Европа.
Најдобри поени добија Велика Британија, Франција и Ирска, додека најлоши се Германија, Швајцарија и Луксембург. Од табелата може да се забележи дека Австрија, Грција и Словенија спровеле успешни политики во контролата на тутунот, со што имаат голем скок на листата.