Mahmut Atanur
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
ЏАКАРТА (АА) - Властите во Индонезија одлучија да формираат посебна единица составена од војници и полицајци, што ќе се борат против мајмуните кои сѐ повеќе ги узурпираат земјоделските површини и населбите на Јава, еден од четирите главни острови на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат тамошните медиуми, домашното население се обидувало да ги спречи мајмуните кои сѐ повеќе ги узурпираат земјоделските површини и населбите, но нивната борба воглавно со стапови, повеќе не дава резултати. Од таа причина, ќе биде формирана единица од околу 100 припадници на безбедносните сили кои мајмуните ќе ги протеруваат од населените подрачја со употреба на пушки со стрели за успивање.
Поради тоа се случуваат сѐ почести напади на мајмуни врз луѓе при кои во последно време се повредени 13 лица, воглавно деца.
Жителите на Јава сметаат дека нападите на мајмуните се предизвикани од сушата, но и од нарушувањето на природните живеалишта на тие животни.