Mahmut Atanur
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
ЏАКАРТА (АА) - Во покраината Ријау, која се наоѓа на индонезискиот остров Суматра, се сруши воен авион на морнарицата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на индонезиската новинска агенција „Антара“, воениот авион од типот „Hawk 209“, кој е производство на Обединетото Кралство, се сруши врз населено место во селото Кубанг при подрачјето на Камбар.
Фажар Адријанто, од Одделот за односи со јавноста при Воздухопловните сили на Индонезија, истакна дека пилотот на авионот успеал да се катапултира и да се спаси.
Адријанто информира дека е започната истрага за причините за несреќата.
Властите во регионот сѐ уште не објавија информации околу тоа дали има жртви или повредени во зоната каде што се сруши авионот.