????? ??????????-???????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 11 Ноември 2015
ИНДОНЕЗИЈА (АА) - Шефот на агенцијата за борба против наркотици на Индонезија, Буди Васео, предложи на островот да се изгради затвор со висока сигурност кој наместо луѓе ќе го чуваат крокодили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Васесо нагласи дека оваа специјална казнена установа би била исклучиво наменета за нарко-дилери осудени на смртна казна.
„Таму ќе сместиме што повеќе крокодили. Ќе барам најкрволочни крокодили“, рече Васао, објаснувајќи дека предноста на овие опасни влекачи е во тоа што не е можно да се „подмитат“.
Крокодилите не е возможно да се подмитат. Невозможно е да ги наговорите да пуштат некој затвореник да избега“, рече Васесо. Инаку, проектот за изградба на оваа специјална казнена установа за нарко-дилери сеуште е во почетна фаза.