живот

Искри на надеж: Моменти на радост на палестинските деца среде разунатата Газа

- Во Хан Јунис, за време на светиот месец Рамазан, децата приредија вистински „светлосен спектакл“ правејќи блескави искри кои се летаат во воздухот и ги развеселуваат.

Kemal Zorlak  | 15.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Искри на надеж: Моменти на радост на палестинските деца среде разунатата Газа Фото: Доа Албаз

ГАЗА

И покрај урнатините што ги опкружуваат и тешкото секојдневие, палестинските деца во Газа наоѓаат начини да го сочуваат својот дух и насмевка.

Во Хан Јунис, за време на светиот месец Рамазан, децата приредија вистински „светлосен спектакл“ правејќи блескави искри кои се летаат во воздухот и ги развеселуваат.

На овој начин палестинските деца успеваат барем на кратко да заборават на ужасите на војната.

Детските движења и светлината на искрите создадоа прекрасни фотографии, кои во контраста со уништеното опкружување, сведочат за неверојатната сила на палестинскиот народ.

Оваа сцена не е само игра, туку одраз на нивниот пркос и волја за живот – доказ дека и во најтешките моменти не го изгубиле духот, надежта и способноста и темнината да ја најдат убавината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın