Izzet Taskiran
27 Март 2016•Ажурирај: 28 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Истражувањата покажуваат дека возраста на децата при нивната прво „запознавање” со интернетот во 2010 година бил пет години, а во 2015 година возраста на децата во Турција пак била две години, јавува Anadolu Agency (AA).
За резултатите од истражувањето, говореше професорот од Блискоисточниот Технички универзитет (ODTU), Куршат Чагилтај.
Тој зборуваше за проектот “EU Kids Online”. Cagiltay рече дека во Холандија, 78 проценти од децата од предучилишна возраст користат интернет, додека во Норвешка, 58 проценти од децата до шест години се "онлајн".
Професорот на родителите им препорачува интернетот како забава да го искористат час или два, и дека интернетот и телевизијата не треба да се достапни во спалните соби, туку во просториите каде што се собира целото семејство.
Покрај тоа, Чагилтај смета дека е исклучително важно да се разговара за програмата на гледање телевизија, почитување на домашниот план, како и комуникација меѓу членовите на семејството.
Децата покрај поминатото време на интернет дома, многу време на интернет поминуваат и во училиште, и на други јавни места. Студијата покажа дека повеќето деца користат интернет секој ден, а пред пет години, ситуацијата била сосема поинаква.
Децата интернетот го користат најчесто за индивидуалните игри за играње како и за гледање видеа, особено цртани филмови.
Забележано е дека децата поминуваат повеќе време на социјалните мрежи, оваа бројка минатата година беше 81,3 отсто, додека пак во 2010 година, изнесувала 51,7 проценти.