Alma Çekovic
15 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Според најновите научни истражувања, земањето антидепресиви го зголемува ризикот од прерана смрт за 33 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот „Меммастер“ во Канада открија дека антидепресивите можат да влијаат на правилното функционирање на телото, со блокирање на апсорпцијата на серотонинот – познат невротрансмитер, важен за преносот на импулси помеѓу нервните клетки, но кој има улога и во циркулацијата на крвта.
„Многу сме загрижени поради резултатите. Тие укажуваат на тоа дека не треба да се земаат антидепресиви без точно да се разбере нивната интеракција со телото“, вели професор Пол Ендрјус, еден од научниците што работеа на студијата.
За да се добијат резултатите, истражувачите собраа податоци од стотици илјади луѓе што земаат антидепресиви, пренесуваат американските медиуми.
Исто така, научниците открија дека оние што земале антидепресиви се за 14 проценти повеќе изложени на ризик од кардиоваскуларни проблеми, како што се мозочен и срцев удар.
Резултатите од истражувањето се објавени вчера, во научното списание „Psychotherapy and Psychosomatics“ (Психотерапија и психосоматика).