Aldıjana Hadzıc
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Возењето со балон во турската туристичка дестинација Кападокија е една од најполуларните активности за која се заинтересирани и домашните и странските туристи во текот на целата година. Сепак, возењето со балон на -16 степени Целзиусови претставува незаборавно искуство, пишува Anadolu Agency (AA).
Инаку, временските услови на тоа подрачје дозволуваат околу 300 дена во годината да може да се одвива летањето во балон.
Кападокија замотана во бела прекривка го одзема здивот на сите кои летаат на неколку стотини метри висина.
Во тој дел на Турција делуваат околу 25 фирми кои пружаат услуги за летање со балон. Тоа искуство чини 200 евра, а еден лет трае околу 45 минути.
Првото дневно летање, и покрај студеното време, започнува веќе со првите зраци на сонцето.
Во Кападокија се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите предели во светот. Додека геолошките активности формирале бели самовилски оџаци, луѓето низ историјата оставиле траги од сопствените цивилизации, градејќи куќи во карпите претворајќи ги во ремек дела на човековата цивилизација.