живот

Колумбија: Најавено рушење на луксузната вила на Пабло Ескобар во Меделин

„Симболите на криминалот и злото треба да се срушат, а таков е случајот и со вилата Монако Апартман. Тие објекти се градени со крвта и страдањето на невини луѓе“

Lokman İlhan  | 04.04.2018 - Обновена : 04.04.2018
Колумбија: Најавено рушење на луксузната вила на Пабло Ескобар во Меделин

Bogota

БОГОТА (АА) - Локалните власти на Колумбија ќе ја срушат вилата на озлогласениот криумчар на дрога, Пабло Ескобар, во Меделин и на нејзино место ќе изградат парк кој ќе биде посветен на жртвите од судирите меѓу наркокартелите, јавува Anadolu Agency (AA).

Началникот на општина Меделин, Федерико Гутиерес, соопшти дека на Полициската управа ѝ дал налог за рушење на вилата Монако Апартман и за тоа ја известил и надлежната Канцеларија за приватно сопствеништво.

Во соопштението се наведува дека локалната власт се откажала од планот да ја реновира вилата во која некогаш живеел Ескобар и да ја предаде на користење на Секретаријатот за безбедност.

Причината за откажување од првобитниот план е финансиската неоправданост на проектот.

„Симболите на криминалот и злото треба да се срушат, а таков е случајот и со вилата Монако Апартман. Тие објекти се градени со крвта и страдањето на невини луѓе“, порача началникот Гутиерес.

За време на војната меѓу наркокартелите во Колумбија, во период од 1989 до 1993 година се убиени повеќе од 5.000 лица, а на местото од вилата на Ескобар ќе биде изграден парк и споменик посветен на тие жртви. 

Во соопштението, исто така, се наведува дека со рушењето на комплексот ќе се стави крај на туристичките тури кои се тематски правени, односно се наменети за туристите што го посетуваат Меделин да дознаат повеќе за гангстерскиот живот на Ескобар, водачот на Меделинскиот клан, кој е убиен во 1993 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın