Mazin Majeed Asaad Baqal
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ЕРБИЛ (AA) - Најголемиот муслимански празник Курбан бајрам е време кога верниците принесуваат жртва. На сточниот пазар во ирачкиот град Ербил, верниците голем интерес покажуваат и за купување камили, јавува Anadolu Agency (AA).
Тахсин Мевлуд е еден од продавачите на камили на пазарот во Курдската управа на северот на Ирак.
„Во последните три години од јужните делови на Ирак набавуваме камили за северните делови на Ирак. До сега продадовме околу 30 курбани", рече Мевлуд.
Тој додаде дека тежината на камилите се движи помеѓу 400 и 500 килограми, а цената на камилите се движи и до 2.000 долари.
Мевлуд рече дека камили за курбан купуваат воглавно Арапи.
„Месото на камилата во однос на другите животни е помалку мрсно. Поради тоа е повеќе барано. Во Ербил неодамна се отвори ресторан во кое се нуди само месо од камила, рече Мевлуд.
Карактеристично за празникот Курбан бајрам е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Тоа го изведуваат сите што имаат можност. Оние што принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.