живот

Магливо зајдисонце во Њујорк

- Густа магла се спушти врз реката Хадсон при зајдисонце во Њујорк, создавајќи импресивен пејзаж над градот

Ekip  | 25.03.2025 - Обновена : 27.03.2025
Магливо зајдисонце во Њујорк

Њујорк

Густа магла се спушти врз реката Хадсон при зајдисонце во Њујорк, создавајќи импресивен пејзаж над градот, јавува Анадолу.

Во мистичната атмосфера, силуетите на облакодерите како што се Светскиот трговски центар, Емпајер стејт билдинг, 30 Хадсон јардс и кулата Стејнвеј едвај се наѕираа низ магливиот хоризонт.

Нивните силуети се стопија со златно-розовите нијанси на зајдисонцето, давајќи му на градот слика со необична, речиси надреална естетика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.