Canberk Yüksel
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
ЊУЈОРК (АП) - Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, вчера објави план за зголемување на даноците за њујорчаните-милионери, со цел да се обнови системот на градското метро и да им се помогне на корисниците со ниски примања, јавува Anadolu Agency (AA).
„Луѓето не сакаат да гледаат како продолжува ова лудило“, изјави Де Бласио на прес-конференцијата каде што беше придружуван од колегите демократи, лидери на синдикати и активисти.
Градоначалникот се пожали на порастот на бројот на задоцнувања на возовите, кое речиси тројно се зголеми во последните пет години, според транспортните власти на метрополата, одговорни за јавниот транспорт во градот.
Предлогот ја зголемува највисоката стапка на данок на доход од 3,9 отсто на 4,4 отсто, за поединци чиј годишен приход изнесува 500.000 долари или брачни двојки кои годишно заработуваат 1 милион долари, а се очекува да се соберат околу 800 милиони долари годишно.
Предлогот вклучува и билети за метро (MetroCard) по половична цена за њујорчани кои се на или под нивото на сиромаштија, за кои ќе бидат донирани 250 милиони долари. „MetroCard“ е картичка за надополнување која се користи за плаќање на железнички и автобуски превоз.
Данокот се соочува со тежок предизвик за одобрување на државно ниво.