Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ЈАНГУН (АА) - Карпата од жад тешка околу 175 тона е откриена во сојузната мјанмарска држава Качин, која се наоѓа во северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Мјанмарските официјални лица наведуваат дека карпата тешка 174 тона и 600 килограми е откриена во местото Хпакант.
Карпата е долга 69 метри, широка 54 а висока 51 метар.
Хпакант, кое се смета за подрачје богато со резерви на жад од прва класа, е центар на оваа индустрија. Мјанмар секоја година заработува милијарди долари, благодарејќи на индустријата и обработката на жадот.