Ekip
25 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ЈАНГОН (AA) - Во земјотресот од јачина 6,8 степени по Рихтер кој вчера го зафати средишниот дел на Мјанмар загинаа четири лица, додека повеќе од 200 древни храмови се оштетени, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот се почувствува и на Тајланд, Банградеш и деловите на источна Индија.
Меѓу загинатите се две девојчиња од седум и 15 години. Храмовите се оштетени во пет мјанмарски региони.
Околу 185 древни храмови се полесно и потешко оштетени во градот Баган, главниот туристички комплекс каде се сместени повеќе илјади будистички споменици.
Најтешко е оштетен будистичкиот храд Суламани кој датира уште од 12 век.
Во градот Мраук во западната држава Ракине оштетени се три познати храмови.
Иако е една од најсиромашните земји на светот, Мјанмар е познат по големиот број храмови.