Ekipa
16 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ПРОБОЛИНГО (АА) - Повеќе од 30 китови се насукаа на источниот брег на индонезискиот остров Јава каде се пронајдени и 10 мртви китови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со операција на масовно спасување на китови, стари воглавно од 32 до 35 години, животните со помош на локалното население се вратени во длабоките води.
Станува збор за кратки, ребрасти китови кои ги населуваат тропските и субтропските води.
Локалните официјални лица истакнаа дека китовите најверојатно доспеале до брегот за време на високата плима.