Ayşe Aktaş
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Научници од Соединетите Американски Држави (САД) откриле дека луѓето кои спијат повеќе од девет часа на ден се склони да имаат кошмари, јавува Anadolu Agency (AA).
Група истражувачи од Универзитетот во Оксфорд, предводена од страна на Стефани Рек, спроведе истражување во кое беа вклучени 846 луѓе.
Истражувачите побараа од учесниците да одговорат колку често во последните две недели имаа кошмар, и колку тие биле лоши.
Кај испитаниците беше утврдено дека кошмари најчесто имаат поради загриженоста да не направат некој погрешен чекор.
Така беше констатирано дека стресот и анксиозноста пред спиење се причина за кошмарите.
Покрај тоа утврдено е и дека повеќе од девет часа спиење ја зголемува можноста од кошмари.
Истражувањето не утврди колку на кошмарите може да влијае употребата на алкохол и физичката активност.