Halit Süleyman
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
ДАМАСК (АА) - Хуманитарните активисти ја предупредуваат меѓународната заедница дека на повеќе од 4.000 деца во источна Гута им е потребна итна хуманитарна помош, околу 12.000 од нив ги исгубиле татковците за време на воздушните и артилериските напади во петгодишната опсада од страна на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Источна Гута е сириски регион источно од Дамаск, каде што под опсада на режимските сили веќе пет години живеат околу 450.000 луѓе.
Режимските сили не дозволуваат хуманитарните конвои да влезат во тој регионот, кој е под контрола на опозицијата и во него живеат 12.000 деца кои во изминатите пет години ги изгубија своите татковци.
„Локалните хуманитарни организации успеваат да донесат помош за 1.500 деца кои останаа без родители, а околу 4.000 деца чекаат итна хуманитарна помош“, рече за АА претставникот на Здружението на хуманитарни работници за помош на децата без родители, Бејан Ал-Хамади.
Укажувајќи на петгодишната опсада, Ал-Хамади рече дека животот во Источна Гута е исклучително тежок и скап, а сирачињата се најранливата категорија од населението.
Локалната жителка Ум Мухамед се грижи за двете внучиња, откако минатиот месец во воздушен напад го изгуби синот.
„Верувале или не, за да преживеат, Мухамед и Ајша ги хранам со трева. Последен пат нешто убаво им подготвив за Рамазан Бајрам, кога моите соседи ми донесоа малку ориз и тикви,“ вели таа.