Burak Bir
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
ТОКИО
Кане Танака, Јапонката што е позната како најстарото лице во светот од Гинисовите светски рекорди, денес наполни 118 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „НХК њуз“ („NHK News“), Танака, која е родена на 2 јануари 1903 година, денес во Фукуока, во југозападниот дел на Јапонија, во домот за згрижување каде што живее, го славеше нејзиниот 118. роденден.
Танака го славеше нејзиниот роденден со аплауз, нагласувајќи дека планира да остане здрава до 120-годишна возраст.
Таа се наоѓа во добра здравствена состојба, јаде три пати на ден и вежба.