Yusuf Özcan
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека Франција се наоѓа на почетокот на кризата предизвикана од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Макрон даде изјави пред состанокот за Ковид-19 во Министерството за внатрешни работи на Франција.
Реагирајќи на критиките дека Франција не презела навремени мерки на претпазливост против епидемијата, Макрон нагласи: „Франција презеде дејства пред Светската здравствена организација да стапи во алармна состојба. Но сега сме соочени со една криза со која претходно не сме се сретнале.“
Макрон, истакнувајќи дека е важно да се утврдат проблемите со кои ќе бидат соочени во идните денови, истакна: „Ние сме на почетокот на оваа криза. Презедовме вонредни мерки.“
Според официјалните податоци, бројот на починати лица од Ковид-19 во Франција се зголеми на 372, а бројот на заболени на 10.995.