Ömer Erdem
23 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
КАРТУМ (АА) - ОМЕР ЕРДЕМ -
Во Судан, Африка, употребата на пегли на јаглен е во пораст поради прекините на електричната енергија што траат и по цели 6 часа, пишува Агенција Анадолија (АА).
Некои Суданци користат традиционални пегли од јаглен за да не им се оштети облеката, други пак ги претпочитаат продавниците наречени „меквеџи“ кои обезбедуваат услуги за пеглање и перење алишта поради прекините на струја низ земјата.

Бизнисот на 58-годишниот Јусуф Адем, кој користи стара јагленова пегла во неговата скромна продавница за пеглање и перење од 4 квадратни метри во главниот град Картум, е зголемен двојно по прекините на струја.
Адем со пеглата што ја полни со издробен јаглен секојдневно во својот дуќан се обидува да ги заврши нарачките на муштериите.

Горештините кои започнаа во земјата се предизвик за Адем, бидејќи во неговата продавница изградена од тули нема прозорци или опрема за разладување.
„Оваа работа ја работам 8 години. Добивам од 70 до 100 парчиња алишта на ден за перење и пеглање. Во текот на неделата останувам во продавницата. За време на викендите одам кај моето семејство“, нагласи Адем.
Мерове, Русејрис, Синар, Џебел Евлија, Атбера и Сетит во Судан се 6 брани и 3 термоелектрани, кои можат да се користат за производство на електрична енергија, но производството не ја задоволува потрошувачката.