Haydar Şahin
23 Мај 2022•Ажурирај: 24 Мај 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди иранската југоисточна покраина Систан-Белуџистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот, кој се случил во 12:06 часот по локално време, бил во подрачјето на Серџенгел во градот Захидан.
Земјотресот со јачина од 5,5 степени е регистриран на длабочина од 16 километри.
Генералниот директор на Канцеларијата за управување со кризи во покраината Систан-Белуџистан, Али Риза Шехреки, истакна дека на местото се испратени тимови со цел откривање на штетата предизвикана од земјотресот.