Emre Aytekin
01 Јуни 2026•Ажурирај: 01 Јуни 2026
Поради силна песочна бура, градот Харбин, главниот град на покраината Хејлунгџијанг во североисточна Кина, беше прекриен со огромни облаци прав, пренесува Анадолу.
Како што објави кинеската државна телевизија CCTV, бурата e предизвикана од силни ветрови настанати како последица на конвективни процеси предизвикани од нагли температурни промени.
Големите облаци прав го замрачија Харбин среде ден, а видливоста во градот се намали на само 100 метри.
На снимките што граѓаните ги објавија на социјалните мрежи се гледа како силниот ветер ги откорнува покривните конструкции од зградите, додека автобуските постојки и електричните столбови се превртуваат под налетите на невремето.
Експертите објаснуваат дека по наглото затоплување во внатрешноста на провинцијата, силен студен воздушен бран навлегол во регионот, создавајќи полулинеарен систем на бура кој се движел од запад кон исток.
Покраинските власти предупредија дека во текот на неделата се можни дождови и град, силни бури, торнада и нагли температурни промени, повикувајќи ги граѓаните на претпазливост.