Oktaj Omeragikj
29 Ноември 2025•Ажурирано: 02 Декември 2025
СЕВИЉА (АА) - Севиља, најголемиот град во Андалузија и четврт град по големина во Шпанија, претставува туристичка дестинација што не смее да се пропушти, известува Анадолу.
Секој што ќе ја посети Севиља за градот вели дека има дух на метропола и топлина на мало место.
Тој е меѓу најубавите градови во Шпанија, со знаменитости што можат да се рангираат меѓу најимпресивните на Стариот континент.
Паркот Марија Луиза е едно од местата што дефинитивно треба да се посетат. Во Севиља плоштадот Плаза де Еспања е најспектакуларниот дел на градот.
Посетителите на плоштадот имаат можност да го доживеат целиот раскош на Шпанија. Паркот од сказните води до плоштадот, каде што се движат кочии, а на него се наоѓа и голема зграда во кружна формација што сега се користи како простор за бројни административни канцеларии.
Плоштадот Плаза де Еспања ги привлекува туристите од целиот свет, со свое место во секој туристички водич и дел од секоја обиколка на Севиља.
Плоштадот плени со својата прекрасна мешавина на арапска и шпанска уметност. Изграден е од Жан-Клод Никола Форестиер, по проектот на архитектот Анибал Гонзалез.