Aida Cako
29 Ноември 2025•Ажурирано: 30 Ноември 2025
СКОПЈЕ (AA) – Истражувањата потврдија дека камената резиденција позната како „Куќата на фармацевтот“ во градот Клуни, на североистокот на Франција, претставува најстар дом во земјата чија изградба е прецизно датирана – во зимскиот период 1090–1091 година, јавува Анадолу.
Објектот, кој некогаш бил дом на средновековен фармацевт, ги задржува оригиналните романски архитектонски елементи што ретко се зачувани во толку автентична форма.
Сегашниот сопственик Жан-Дени Салвек, реставратор и љубител на средновековната архитектура, ги предводи напорите за заштита и конзервација на куќата.
Експертите посочуваат дека откритието претставува значајна пресвртница за француското архитектонско наследство, нудејќи извонреден увид во секојдневниот живот пред речиси еден милениум.