Abdullah Aşıran
30 Ноември 2025•Ажурирано: 01 Декември 2025
АМСТЕРДАМ (АА) - „Фестивалот на светлината Амстердам“ кој по 14-ти пат се организира во Амстердам, е домаќин на уметници, дизајнери и архитекти од целиот свет, известува Анадолу.
Сметан за еден од најважните фестивали во Европа, кој го посетуваат стотици илјади луѓе секоја година, на „Фестивалот на светлината Амстердам“ беа презентирани 20 претстави.
Посетителите на фестивалот, шетајќи пеш или пловејќи со брод, имаа можност да уживаат во светлосните претстави на и околу познатите канали на градот, кои се дел од светското наследство на УНЕСКО.
Фестивалот ќе трае до 18 јануари 2026 година.