Çağrı Koşak,Zeynep Hilal Karyağdı
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ГАЗА (АА) - Хани Ес-Шаир -
Палестинското момче Мухамед Улејва, кој ја загуби ногата откако го ранија израелските војници, се обидува со спорт и позитивност да продолжи со животот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осумнаесетгодишниот Улејва, кој живее во округот Шукаије на Појасот Газа, кој е под во израелска блокада, ранет е во ноември 2018 година, учествувајќи во протестите „Големиот марш за враќање“ во Газа. Поради повредата ампутирана му е ногата, но никогаш не се откажал од своите надежи.
Продолжувајќи со спортовите како фудбал, кошарка и одбојка, се запознал и со паркур.
Паркур е природен метод на развивање на човечкото тело за да биде способно да се движи што побрзо, посигурно и поефикасно во околината, користејќи го само своето тело и умот.
„Гледав млади луѓе кои работеа паркур, рипаа, правеа акробатски движења... Мислев дека тоа никогаш не би можел да го направам“, рече Улејва.
Со охрабрување од околината, почнал да тренира во гимнастичкиот клуб во регионот.
Нагласувајќи дека Израел се обидел да му ја убие желбата за живот, рече дека „се обидел сам да го надмине овој проблем, постепено доведувајќи го својот живот во ред“.
Тој ја фасцинира публиката со своите акробатски движења со една нога без протези и штаки, усовршувајќи се на ова поле со секојдневни вежби.
Младиот Палестинец успеал да ги совлада бариерите со своите акробатски потези на Плоштадот „Ал-Кутејбе“ на западот од Газа.
Во текот на мирните демонстрации на границата на Газа, кои започнаа на 30 март 2018 година и траеја со месеци, израелските војници не се воздржуваа од прекумерна употреба на сила против Палестинците, вклучувајќи ја и употребата на боеви куршуми.
Според „Ал-Мезан“, организација за заштита на човековите права во Газа, израелските војници убиле 215 Палестинци во текот на демонстрациите, додека илјадници се ранети.
Во нападите на Израел врз границата на Газа маченички настрадаа 47 деца, две жени, четири здравствени работници, двајца новинари и девет лица со инвалидитет.