Cüneyt Çelik
29 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
СИВАС (AA) - Откако го задевале поради неговата тежина, 39-годишниот Алпер Ети од Сивас во Турција, за помалку од година дена загубил 109 килограми и постигнал тежина од 85 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради постојаното задевање и нарекување со погрдни имиња, Ети се одлучил на хирушко подврзување на желудникот за да загуби на тежина.
Потоа, за десет месеци загубил повеќе од стотина килограми, така да сега многу пријатели не можат да го препознаат.
Тој додаде дека порано многу време поминувал во соба, дури не ни излегувал на балконот. Рече дека се одлучил за операција бидејки сфатил дека луѓето го гледаат со жалење, а многумина му се смееле во лице.
"Ме гледаа со жалење, кога излегував на испит, столчињата ми беа премали. Не можев да седнам. Ми беше многу тешко. Не можев да се качувам по скали. Не можев ни да дишам. Кога ќе отидев во продавница или во ресторан, луѓето ми се смееја. Ми се смеееја и луѓе кои не ги ни познавав" , раскажа Ети и додаде дека таквите ситуации многу тешко ги поднесувал.
Исто така, тој рече и дека порано пиел 7,5 литри газирани пијалоци, но денес се труди да води многу здрав живот. Пие многу вода, пази на исхрана и спортува.