Yılmaz Kazandıoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
ХАЌАРИ (АА) – Во месноста Чукурџа, во градот Хаќари во операција против терористичката ПКК, загина еден војник, а шест се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите, во руралните места на Чукурџа беше изведена воена операција против терористите на ПКК, која беше поддржана од воздух.
Во операцијата животот го загуби еден војник, а 6 се повредени. Повредените војници со возила на брза помош беа префрлени во државната болница во Хаќари.
Во операцијата безбедносните сили неутрализираа повеќе од 20 терористи.
Големата операција продолжува.