Kemal Karadağ
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
АНКАРА (AA) – Турските воздушни сили изведоа жестоки удари на положбите на сепаритистичката и терористичката организација ПКК на подрачјето на пограничниот дистрикт Даглиџе во југоисточната покраина Хакари, а во нападите е неутрализирано дејството на најмалку 10 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен функционер за АА рече дека турските воздушни сили пред два дена извеле успешен напад на артилериското гнездо на терористите на периферијата Ишанге Тепе. Во нападот во потполност е уништено терористичкото засолниште и минофрлачите.
Турските авиони и вчера изведоа низа напади на отркивените упоришта на местат Авасин и Басјан.
Антитерористичките операции на турските сили и понатаму траат на југоистокот на земјата, а по извидничките летови попрецизно ќе бидат познати губитоците кои терористите ги претрпеле во текот на спомнатите напади.
Во текот на изминатите два дена турската војска на подрачјето на Даглиџе уби најмалку 10 терористи на ПКК.
Меѓу неутрализираните се и тројца терористи кои се убиени во минофрлачкиот напад на нивното засолниште во една пештера. Во пештерата е запалена поголема количина на оружје и експлозив, а меѓу убиените беше и една жена снајперист.