Gökhan Yılmaz
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - ЃОКХАН ЈИЛМАЗ
Торакаа Киберенге (58), кој е поглавар на племето Масаи од регионот Серенгети во Танзанија, за прват во животот го напушти своето племе и допатува во турскиот град Истанбул, каде исто така за прв пат се сретна со многу работи, пишува Anadolu Agency (AA).
Киберенге искажа свој голем интерес кон исламот и со посредство на Африканско-турската иницијатива (ATI) со авион допатува во Истанбул. Таму го причекаа членот на Управниот одбор на оваа иницијатива Ахмет кемал Ончу и студент од Танзанија кој се образува во Турција, Хасан Сулејман.
Киберенге, поглаварот на племето од околу 300 членови, кое верува во еден Бог е против користење на технологијата и живее претежно од бавење со сточарство. Во текот на престојувањето во Истанбул носеше специфична облека за своето племе, стап кој инаку го носи поглаварот, како и нож кој го користи додека лови лавови.
Со оглед дека има голем итерес кон исламот, Киберенге беше примен од страна на истанбулскиот муфтија, Хасан Ќамил Јилмаз, а во таа прилика му говореше за исламот, првите муслимани. По краткиот разговор следуваше заедничка молтива, која Киберенге ја изврши на својот јазик. Истанбулскиот муфтија на крајот од посетата му врачи пригоден подарок.
Киберенге, кој во рамките на посетата на Истанбул ја посети и џамијата Сулејманије, ги пренесе своите впечатоци од Истанбул во разговор за Anadolu Agency (AA). Истакна дека за прв пат говорел пред камера, како и дека за него тоа било неверојатно искуство да го види и животот надвор од неговото семејство.
„Во текот на посетата се прашував дали сум на некој друг свет? Тука секој има автомобил, улиците се преполни со автомобили. Интересно е колку се високи зградите, како работат лифтовите? Сите ми приоѓаа, мислев дека сакаат да ми наштетат, подоцна разбрав дека сакаат да се фотографираат со мене бидејќи ме сакаат", раскажа поглаварот Киберенге.
На прашање во врска со неговиот интерес кон исламот, одговори:
„Многу работи има коишто поглаварот Киберенге ги виде во Истанбул, а за кои претходно не знаел. Така, во текот на посетата често знаеше да поставува прашања од типот: "Дали вашите патишта и автомобили некогаш спијат, како вашето море доаѓа до чешма, зошто вашите куќи се толку големи? Зарем толку мебел и соби не ја заморува вашата душа, зарем луѓето кои пушат цигари не знаат дека тие ги убиваат нивната душа и телото, кој го влече лифтот, и што е тоа електрична енергија?"