Halil Demir
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ AA) - Во акција на припадниците на безбедносните сили во Истанбул приведени се две лица по потекло од Сирија кои се бавеле со фалсивикување на пасоши, дозволи за престој, лични карти, визи и авионски карти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на локалната полициска управа, Сиријците се приведени за време на една рација во една канцеларија во Фатих, во европскиот дел од Истанбул.
Во таа прилика се пронајдени 76 фалсификувани пасоши на неколку земји, првенствено на Велика Британија, Австрија, Франција, Белгија, Аустралија и Канада, 26 италијански дозволи за престој, 151 лична карта на земјите на ЕУ, 22 празни авионски билети, 12 силиконски печати, 14 пасошки листови од различни земји, како и голем број на биометриски фотографии и принтери, фотоапарати и слични апарати.
Приведените лица за седум илјади долари ги фалцификувале пасошите на балканските земји, а 15 000 долари пасошите на Австралија, Канада, САД и Велика Британија