живот

Почина американскиот актер Роналд Ли Ерми

Менаџерот на американскиот актер ја потврди неговата смрт, и истакна дека актерот починал од пневмонија

Zehra Ulucak  | 16.04.2018 - Обновена : 17.04.2018
Почина американскиот актер Роналд Ли Ерми

Ankara

АНКАРА (АА) - На 74-годишна возраст почина американскиот актер во филмот за војната во Виетнам „Боев куршум“ („Full Metal Jacket“), Роналд Ли Ерми, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на Би-би-си (BBC), Роналд Ли Ерми, кој беше познат како „артилерискиот водник Хартман“ од филмот „Боев куршум“ од 1987 година, почина на 74-годишна возраст.

Менаџерот на американскиот актер на социјалните мрежи ја потврди неговата смрт, и истакна дека актерот починал од пневмонија.

Ерни беше номиниран за наградата „Златен глобус“ за неговата улога во филмот „Боев куршум“, чиј режисер, сценарист и продуцент е Стенли Кјубрик.

Ерми беше роден во 1944 година во Канзас, и глумел во повеќе филмови, а вокализирал и некои карактери во анимирани филмови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın