Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
АМСТЕРДАМ (АА) - Музичкиот автопат во Холандија е затворен еден ден по отворањето, поради поплаките на граѓаните поради вревата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Патот отворен во понеделникот, со намера да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, беше затворен во вторникот, јавува Би-би-си (BBC).
Лентите беа дизајнирани да ја свират химната на покраината Фризија во моментот кога возилото преку нив ќе помине со прописна брзина.
Жителите истакнаа дека некои возачи возеле со поголема брзина, бидејќи сакале да дознаат дали мелодијата ќе биде побрза.
Еден од жителите изјави дека станува збор за психичко измачување.
Од управата на Фризија рекоа дека поставувањето и вадењето на лентата чинело 80.000 евра.