свет, живот

Првпат во Јапонија повеќе од 95.000 лица се на возраст над 100 години

- Јапонската популација постара од 100 години првпат надмина 95.000.

Ahmet Furkan Mercan  | 17.09.2024 - Обновена : 18.09.2024
Првпат во Јапонија повеќе од 95.000 лица се на возраст над 100 години Фото: Илустрација

АНКАРА (АА) - Јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба објави статистички податоци во врска со зголемената постара популација во земјата, известува Анадолу.

Забележано е дека населението на возраст над 100 години последователно се зголемува 54 години. Заклучно со септември, во Јапонија има 95.119 лица постари од 100 години.

Првпат во историјата на Јапонија популацијата на „оние што надминале еден век“ надмина 95.000. Во споредба со ланските податоци, бројката е зголемена за 2.980 Јапонци. Забележано е дека меѓу лицата што се постари од 100 години 83.958 се жени, а 11.161 се мажи.

Портпаролот на јапонското Министерство на оваа тема соопшти:

„Ќе се стремиме да ги зголемиме услугите за социјална заштита, вклучително лекарска и медицинска нега, за да може старите лица да продолжат да живеат удобно во своите заедници.“

Во Јапонија, податоците за населението на „оние чиј живот надминал еден век“ почнаа да се запишуваат првпат во 1963 година.

Познато е дека населението во Јапонија, каде што живеат приближно 125 милиони, има долг животен век. Најстариот жив човек на Земјата, 116-годишната Итока Томико, живее во Јапонија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.