Nur Asena Ertürk
02 Март 2023•Ажурирај: 03 Март 2023
АНКАРА (АА) – Двајца средношколци се приведени во источна Франција поради лажни дојави за бомба во училиште, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
15-годишен ученик од средното училиште „Ками-Серменаз“ во Рије-ла-Пап во градот Лион од 19 јануари испратил неколку дојави за бомба преку е-пошта, објави телевизијата БФМТВ (BFMTV).
Наставата е откажана, тестовите одложени, а полицијата испратена во училиштето.
Тој, исто така, испратил смртни закани до наставниците преку е-пошта.
Ученикот е приведен, а ѝ рекол на полицијата дека неговиот школски другар го поттикнал да го стори тоа за да се откаже наставата.
Полицијата приведе уште еден ученик на иста возраст, кој ги негираше обвинувањата.