Gorana Jakovljevic
23 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ГРАДИШКА (АА)- Рајко Ерцег од Градишка единствен во БиХ може да се пофали со фактот дека е сопственик на олд тајмер "Мерцедес 250 СЛ Пагода". Имено, ваквите автомобили се произведуваа само шест месеци во 1967 година, а Ерцег својот "миленик" го купил 1970 година.
Екипата на Anadolu Agency (AA) го посети Ерцег на неговиот имот во Градишка, каде го подготвува за зима автомобилот за кој вели дека е дел од неговото тело. За време на зимата, не го вози, туку тој е паркиран во гаражата. Иако со денови не го палел, по пократок обид, се слушна звукот на бензинскиот мотор со шест цилиндри.
Подигнувајќи ја хаубата, Ерцег гордо објаснува дека троши од 12 до 15 литри, дека без оглед на годиштето има и "einspritz" и хидруличен волан.
"Беше запленет тука кај Нова Градишка, тоа беше царината Осјек тогаш" , во стара Југославија и јас го купив на лицитација" ,раскажа Рајко Ерцег.
Автомобилот беше во сопственост на италијанскиот првак во тенис, но бидејќи е откриено дека во него "возел некои недозволени работи" југословенската царина му го запленила автомобилот. Две години траеше судската постапка, а Ерцег трпеливо чекаше лицитација, на која одеше пет пати. Зборува деказа купувањето на автомобилот владееше исклучително голем интерес, дека автомобилот сакале да го купат многу југословенски познати личности, посебно оние од светот на фудбалот, но колку и да нуделе, Рајко нудел повеќе.
Вели дека не се сеќава колку тогашни динари го платил автомобилот, но се сеќава дека се работи за многу пари. Покажувајќи кон куќата, објасни дека градел токму во тоа време и дека повеќе пари дал за автомобилот отколку за куќата, за што вели дека никогаш не се покајал.
"И сега вреди повеќе од куќата", вели Ерцег, кој е инаку музичар и додава дека автомобилот го заработил благодарејќи на армониката, за која вели дека е негова втора љубов.
Во изминатите години имае и многу понуди да го продаде автомобилот. Некои потенцијални купувачи се враќаат од година во година и ја покачуваат висината на понудата, но според зборовите на Ерцег, најинтересно е дека неговиот автомобил сакал да го купи и познатиот холивудски актер Џон Траволта.
Тој нарачал таков автомобил, а купувачите од Италија дознале дека еден е регистриран во Босна. Во Сараево, раскажува Ерцег, дознаа во кое место е регистриран, па го пронашле.
"Не сакав да го продадам, тоа е мојата љубов, за него не ме интересираат ни пари,ни ништо", вели Ерцег и додава полесно би продал било што друго отколку автомобилот. Објаснува дека купувачите му дале празен чек на кој требал да ја напише цената која ја бара, но и покрај тоа, тој не сакал да го продаде.
Сепак, проверувал колку вреди, па пронашол податок дека ваков автомобил, поранешниот возач на Формула 1 Мајкл Шумахер, го продава 136.000 евра.
"Еден од Градишка што живее во Канада, тамо го продал за 100.000, така да тоа е неговата цена, отприлика", вели Ерцег.
На прашањето зошто толку го сака својот автомобил, тој одговара: Затоа што е убав, квалитетен, вистински автомобил, кабриолет."
Вели дека може да оди како кога бил ноц и дека знаел да го вози на автопат 200 километри на час. Вели дека деловите од автомобилот се во добра состојба бидејќи не го возел многу автомобилот. Иако деловите за овој атомобил се исклучително скапи, според зборовите на Ерцег, не е тешко да се одржува, бидејќи ништо не се расипува. Наведе пример дека една гума за овој мерцедес чини околу 500 евра, а моментално се произведуваат само во една фабрика во Мексико. Понекогаш го изнајмува за снимања на спотови и реклами.
Највеќе го вози во летниот период, бидејќи ужива во кабриолетот. Највеќе оди на изложби на олдтамјери. Тогаш го привлекува вниманието на посетителите, како и во седумдесетите години.