Bahattin Gönültaş
06 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Компанијата „Даимлер АГ“ (Daimler AG), која работи под капата на германскиот автомобилски гигант „Мерцедес-Бенз“, во американската сојузна држава Јужна Каролина, отвори погон за производство на лесни транспортни возила „мерцедес-бенз спринтер“. „Мерцедес“ од светскиот гигант за е-трговија „Амазон“ доби порачка за купување на 20.000 возила „мерцедес-бенз спринтер“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави „Даимлер АГ“, се вели дека Северна Америка е втор по големина пазар на „Мерцедес-Бенз“ за возила, од типот лесни транспортни возила. За производство на овие возила, „Мерцедес“ инвестираше 500 милиони долари во производствената линија на овој вид возила.
Новиот чекор на „Даимлер АГ“ дојде по изјавата на американскиот претседател Трамп дека за возилата што ќе се увезуваат од Европа, ќе се плаќа дополнителен данок во висина од 25 отсто.
Од друга страна, компанијата „Амазон“ соопшти дека од „Даимлер АГ“ порачале купување на 20.000 возила од моделот „мерцедес-бенз спринтер“.
Амазон, намалувајќи ја врската со службите за брза пошта на САД, FedEx Corp и TNT, има цел да формира сопствена мрежа за дистрибуција.