Yunus Kaymaz
20 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудата на Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со 17. трка оваа сезона, која ќе се одржи во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Трката ќе се одржи на патеката во Остин, главниот град на американската сојузна држава Тексас. Должината на патеката изнесува 5.513 метри, а победник ќе биде оној пилот што со својот болид ќе успее најбрзо да ги извози 56-те круга. Трката за полпозициите ќе се одржи утревечер, со почеток во 23.00 часот по средноевропско време, а трката за Големата награда на САД започнува в недела, во 21.00 часот.
На Шампионатот на Формула 1, на патеките во Австралија, Бахреин, Монако и во Унгарија победи пилотот на „Ferrari“ (Ферари), Себастијан Фетел, победник во Кина, Канада, Шпанија, Велика Британија, Белгија, Италија, Сингапур и во Јапонија е пилотот на „Mercedes“ (Мерцедес), Луис Хамилтон, во Русија и во Австрија победи Валтери Ботас, во Азербејџан победи Даниел Рикардо, а во Малезија победник беше Макс Ферштапен.
Пласман на првите петмина пилоти и тимови во Формила 1 пред трката за Големата награда на САД.
Пилоти
1. Луис Хамилтон (Велика Британија) - 306 поени
2. Себастијан Фетел (Германија) - 247
3. Валери Ботас (Финска) - 234
4. Даниел Рикардо (Австралија) - 192
5. Кими Раиконен (Финска) - 148
Тимови
1. Mercedes - 540 поени
2. Ferrari - 395
3. Red Bull - 303
4. Force India - 147
5. Williams - 66