Elena Teslova
24 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
МОСКВА
По донесената одлука за продолжување на летовите меѓу двете земји, руските туристички агенции денес повторно започнаа со продажба на аранжмани за Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Туристите можат да резервираат аранжман за Турција по атрактивни цени за август. Во понудите се тури со директни летови за Истанбул, додека оние за Анталија ќе започнат од 10 август, објави на својата службена страница Здружението на туристички оператори на Русија (ATOR).
Потпреседателката на Владата на Русија, Татјана Голикова денес објави дека Русија од 1 август ќе ги продолжи летовите за Турција.
Турција и понатаму е хит дестинација за одмор на руските туристи. Минатата година во Турција патуваа речиси 7 милиони туристи од Русија.