Ekipa
03 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Таткото на пет годишниот Mуртаза Ахмадија од Авганистан, момчето кој доби потпишан дрес од својот фудбалски херој Лионел Меси изјави дека неговото семејство било принудено да ја напушти земјата поради постојаните телефонски закани, јавува Anadolu Agency (AA).
Мохамад Ариф Ахмади, татко на момчето чија фотографија во импровизиран дрес од пластични кеси преку социјалните мрежи го обиколи светот, потврди дека тие се преселиле во Пакистан и се населиле во градот Куета, со надеж дека таму ќе имаат подобар живот.
Ахмади, во телефонското интервју за АП изјави дека се плашел дека неговиот син Mуртаза ќе биде киднапиран, откако тој стана интернет сензација ширум светот, бидејќи од кеси со бели и сини ленти направи дрес со бројот 10.
Тој изјави дека животот за нив стана "мизернен".
Откако фотографијата со импровизиран дрес на ѕвездата на Барселона го допре светот, од Фудбалскиот сојуз на Авганистан во февруари оваа година, потврдија дека ќе се овозможи запознавањето на момчето и Меси.