Canberk Yüksel
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
ХЈУСТОН (АА) - Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Копа Америка, победувајќи го домаќинот на првенството, репрезентацијата на САД со 4:0. Во финалето тие ќе играат против победникот од двобојот меѓу Колумбија и бранителот на титулата Чиле, пренесува Anadolu Agency (AA).
Аргентинците извонредно го започнаа натпреварот со гол веќе во 3.минута, кој го постигна Езекуел Лавеци. Вториот гол во 32-рата минута го постигна Лионел Меси.
Гонзало Игваин постигна два гола, во 50-тата и 86-тата минута со што го постави конечниот резултат САД - Аргентина 0:4. Меси на овој натревар стана најдобар стрелец во историјата на Аргентина, со постигнати 55 гола во 112 натпревари за „Гаучите" и го урна досегашниот рекорд на Габриел Батистута.
Во финалето Аргентина го чека подобриот од натпреварот меѓу Чиле и Колумбија, кој се игра денеска.
Актуелниот првак Чиле го декласираше Мексико со 7:0 во четвртфиналниот натпревар на Копа Америка.