Bakir Tiro
08 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ЦИРИХ (АА) - Михаел Шумахер (47), седумкратниот шампион на Формула 1, две и пол години по несреќата во францускиот ски-центар Mарибел, е во многу лоша здравствена состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Членовите на неговото семејство не сакаат да даваат никакви изјави.
„Ситуацијата во моментов е сериозна, за жал не можам да се откријам ништо. Мора да разберете", вели Сабине Кем, менаџерката на Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, додавајќи дека семејството сака да ја заштити приватноста.
Шумахер по несреќниот пад при скијање во Mарибел беше сериозно повредени, а неколку месеци беше во вештачка кома. Подоцна беше префрлен на неговиот имот во Швајцарија, каде што за неговата здравствена состојба се грижи посебен медицински тим.