Emel Öz Gözellik
26 Јули 2019•Ажурирај: 29 Јули 2019
САО ПАОЛО
Осум вооружени лица на аеродромот „Гуарулхос“ во Сао Паоло, во Бразил, украдоа 750 килограми злато, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Би-би-си“ (BBC), повикувајќи се на официјални претставници од аеродромот во Бразил, објави дека осум лица маскирани во полициски униформи украле злато вредно најмалку 30 милиони долари, кое требало да патува во Њујорк и Цирих.
Претставници на полицијата истакнуваат дека во текот на грабежот, напаѓачите како заложници зеле двајца од вработените на аеродромот.
Од аеродромот тврдат дека немало повредени, а не ги коментираа наводите за киднапирани лица.