Vesna Besiç
22 Септември 2018•Ажурирај: 24 Септември 2018
ЧИКАГО (АА) - Рибите наречени „сијамски борци“ (Betta splendens), кои во аквариумите се познати по долгите перки и прекрасните интензивни бои, се дел од аквариумот во Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој вид риби во САД се увезуваат од Индонезија, Виетнам, Тајланд и Сингапур. Нивната цена се движи околу 1.500 долари.

Сијамските борци се многу темпераментни и воинствени риби, а во аквариумот никогаш не би смеело да се држат два мажјака, бидејќи би можеле да се борат до смрт. Идеална комбинација се еден мажјак и неколку женки. На Тајланд порано се организирале борби, што подоцна е забрането.
Своите интензивни бои, сијамските борци ги покажуваат кога се раздразнети од други риби, а одгледувачите, успеале да ги сочуваат нивните бои со внимателно размножување. Овој вид риби постојат во црвена, виолетова, сина, зелена, тиркизна и розева боја.