Bilgin S. Şaşmaz
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ЧИКАГО (АА) - Речиси 200 демонстранти се собраа синоќа на улиците на Чикаго и протестираа против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и полициското насилство кое зема сè повеќе животи во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се одржаа во паркот „Вотер Тауер“ на централната авенија „Мичиген“, а демонстрантите потоа маршираа низ градот и се собраа пред Трамп Тауер (Trump Tower).

Меѓу демонстрантите беше и семејството на Лакван Мекдоналд, црномурестото момче кого полицијата во Чикаго неодамна го уби пукајќи во него со 16 куршуми од пиштол на оддалеченост од три метри.
„Стоп за расизмот и полицискиот терор“, „Стоп за полициските убиства на нашите деца“ и „Затворете ја Белата куќа“, беа некои од пораките кои демонстрантите ги носеа на транспаренти.

Демонстрантите за време на мирните протести ги извикуваа и слоганите „И животите на црнците се важни“, „Без правда нема ни мир“ и „Не за Трамп, Кју Клукс Клан и расистички САД“.
Протестите ги поддржаа и студентите кои се борат против продажба на оружје во САД, како и муслиманските групи во оваа земја.

За време на протестите се преземени зајакнати безбедносни мерки, а не се забележани поголеми инциденти.