Bilgin S. Şaşmaz
08 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
ЧИКАГО (АА) - Во оружени напади што се случија за време на викендот, во американскиот град Чикаго, загинаа четворица, а ранети се 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалната полиција соопшти дека поголемиот дел од нападите се случиле во населбите во јужниот дел на градот. Најкрвавиот напад се случил вчера, во 17.15 часот по локално време, кога дошло до судири на банди. Смртно настрадаа две, а ранети се осум лица.
Во сообраќајна несреќа што се случи во Чикаго загинаа петмина, а повредени се четири лица.
Минатиот викенд во тој град беа убиени четворица, а ранети се 17 лица.
Полицијата соопшти дека е фатено и лицето што минатата недела рани двајца полицајци. Ангел Гомез (18) го призна злосторството и ќе биде изведен пред суд.