Duygu Avunduk
05 Ноември 2021•Ажурирај: 07 Ноември 2021
ТРАБЗОН (АА) – Во подрачјето на Аракли во Трабзон, Турција, куче секој ден го посетува гробот на својот сопственик Омер Ѓувен, кој почина на 29 октомври, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ѓувен, кој е татко на пет деца, почина на 92-годишна возраст. Живееше во населбата Кајмакли во областа Аракли. По смртта на неговата сопруга, почнал да се грижи за мачки и кучиња.
Ѓувен пред околу 11 години посвоил куче скитник, на кое му го дал името Феро.
Феро доаѓа на гробот на својот сопственик Ѓувен, кој почина минатиот петок откако му се слоши. Кучето лежи на земја и не си заминува.
Снаата на Ѓувен, Фатма, за АА рече дека нејзиниот свекор многу сакал животни.
Нагласувајќи дека нејзиниот свекор и кучето Феро се дружеле 11 години, Ѓувен рече: „Имаа голема љубов еден за друг. Мојот свекор во зимските месеци не сакаше да остане во село и затоа три месеци живееше во градот. Кога ќе се вратеше, голем број од мачките не беа тука, беа заминати на друго место. Со текот на времето мачките не се враќаа воопшто, но нашето куче се враќаше истиот ден кога ќе се вратеше и мојот свекор. Не знам, можеби намирисувало дека е вратен, но се враќаше веднаш од местото каде што престојувало тие три месеци.“
Ѓувен рече дека нејзиниот свекор многу го сакал кучето Феро, и додаде: „Како што можете да видите, посветеноста на кучето кон него сѐ уште продолжува. Тој немаше да јаде без да им даде храна на своите кучиња.“
Наведувајќи дека Феро постојано стоело покрај мртвото тело на свекор ѝ таа вечер кога починал, Ѓувен рече:
„Изгледаше многу тажно. Претпоставувам дека почувствува дека е починат. Утрото, после денот на погребот кучето повторно го посетил гробот. Јас не го видов тоа, но тие кои беа на погребот, кажуваа дека очите на Феро биле полни со солзи.“
Нагласувајќи ја важноста на тоа да се сакаат животните, Ѓувен рече: „Пријателството меѓу двајцата се зацврсти кога немаше многу луѓе во околината. Соседите кажуваат дека виделе како Феро ги посетува гробиштата и без нас. Кога ние одиме на гробишта, секогаш и тој доаѓа со нас. Откако го погребаа свекор ми, Феро веднаш легна врз гробот.“