Tuba Şahin
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турција во октомври ја посетија 3,5 милиони странски туристи што е двојно повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денес Министерството за култура и туризам на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на странски посетители во Турција во октомври оваа година е помал за 19 отсто во однос на бројот од октомври 2019 година, пред пандемијата на коронавирусот, кога оваа земја ја посетија 4,3 милиони странци.
Најатрактивно за странските туристи во октомври беше медитеранското одморалиште Анталија, кое го посетија околу 1,6 милиони туристи.
Истанбул, најголемиот турски град по број на население, привлече 1,2 милиони странски туристи, а Едрене во северозападна Турција во октомври беше домаќин на 244.002 странски туристи.
Турција во октомври ја посетија вкупно 9,8 милиони посетители, вклучително и турски државјани кои живеат во странство.
Од тој број 26 отсто, или 905.379 посетители, биле Руси, додека во истиот период Турција ја посетиле 476.370 Германци, 217.608 Украинци, 171.601 Бугари и 155.714 Иранци.
Во периодот од јануари до октомври во Турција се регистрирани 21,1 милион странски пристигнувања, што е за 88 отсто повеќе во однос на истиот период лани.